Advertisement
E-MAIL MАРКЕТИНГ Испечати Е-пошта
23.07.2009.

 Е-Маил и интернет маркетинг

E-mail маркетингот е се повеке прифатен кај нас. Секојдневно добиваме на маил реклами од фирми кои ни ги нудат своите производи или услуги директно нам. Овој начин на маркетинг се покажа доста ефикасен, бидејќи повеќето од потрошувачите реагираат на ова. Добивате маил на којшто ви е објаснето се што треба да знаете за одредениот производ или услуга. А што е најважно тоа се однесува директно на Вас.Провајдерите на е-маил сервисите добро ја завршија работата околу стандардизацијата за добивање на повратен мајл за примена порака и со тоа се усоврши испораката на овие е-мејл пораки.

email marketing

Сето ова создава одлични услови за развивање на емаил маркетингот, иако компаниите мора да работат повеќе за да останат во добри односи со своите потенцијални потрошувачи. Ова азначи дека доколку имате изработено брошура или флаер, не треба само да го скенирате и пратите. Добро осмислен е-маил маркетинг дава одлични резултати. Секоја реклама мора да се прилагоди на каналот којшто се користи за рекламирање. Одредени истражувања покажуваат дека во следните 5 години буџетот којшто се одвојува за е-мејл маркетинг двојно ќе се зголеми. Предвидувањата на почетокот беа дека е-маил маркетингот ќе се зголемува многу бавно, почнувајќи со newsletters којшто ги добивате доколку се зачлените на некоја интернет страна.

Пресметката за испракање на еден маил на потенцијален потрошувач вклучува плаќање на провајдерот за е-маил услугата, откуп на база на маилови, и изработка на самата порака. Е-маил маркетингот е ефективен, но трошоците околу него не се големи и мислењето на повеќето компании е дека доколку е ефтин и нема потреба да се трошат на овој тип на рекламирање. Трошоците околу е-маил маркетингот се мали и дури зголемувањето на базата на маилови не се одразува на буџетот. 

Повеќето истражувања покажуваат дека е-маил маркетингот им е омилен на потрошувачите. Поради ова компаниите го зголемуваат буџетот за рекламирање преку е-маил маркетинг. Компаниите велат дека е-маил маркетингот е втор начин на рекламирање кој ја враќа инвестицијата во него. Интернет маркетингот се повеќе оди кон директниот одговор од потрошувачите отколку кон брендирање. Интернет маркетингот е многу поефективен во давање на повратен одговор од рекламирањето отколку од кој било друг медиум. 

Добри вести од е-маил маркетингот се дека е-маил маркетингот се базира на дозвола од страна на примачот на пораката ја зголемува можноста потрошувачот да го купи производот или услугата. Истражувања направени во Фебруари 2008 кажуваат дека е-маил маркетингот има еднаков процент на влијание за купување како и другите начини на рекламирање.

 

Лошите вести се дека потрошувачите во секој момент можат да се отпишат од базата во која претходно одобриле да примаат маилови.

 

Скоро една третина од испитаниците во истражувањето Merkle кажале дека се откажале од примање на овие пораки поради лошиот начин на рекламирање (лошиот квалитет на пораката), и бидејќи поголемиот дел од пораките не се однесувал директно на нив (како на пр. добиете реклама за машини за шиење на конфекции, а вие работите во маркетинг агенција). Има голема разлика помеѓу тоа што компаниите мислат дека е соодветно за одредени потрошувачи и што самите потрошувачи мислат дека е соодветно за нив самите. Компаниите мислат дека рекламата треба да биде насочена кон потрошувачите со одредено однесување или мислење, но тие не се секогаш во право и мора постојано да прават истражувања за барањата и потребите на потрошувачите. Најголем непријател на е-маил маркетингот е спамот, односно потрошувачите кои се жртви на спамот. Потрошувачите сакаат да соработуваат со провајдери на е-маил услуги кои им се познати. Но, големата распространетост на спамот ја деградира вербата на сите учесници во овој процес.

 

Преземено од http://www.seebiz.net.mk

Дел од информациите се преземени од http://www.emarketer.com 

Последно ажурирање ( 23.07.2009. )
 
Следно >

Веб Дизајн

Изработка на професионални веб презентации за вашиот бизнис...

Web Design

Веб Хостинг

Професионално и сигурно хостирање на вашите веб сајтови...

Web Hosting

Web Site Start up Прашалник

 За првични информации околу изработка на вашиот веб сајт ве молиме да го пополните следниот Web Site Start up Прашалник

Проверка на домен


www.

ИТ Новости

Hi Tech Новости

www.tehnologija.com.mk

SEO Оптимизација

SEO Optimization

SEO Оптимизација на веб сајт е долготраен процес со кој се оптимизира и прилагудува содржината на веб страниците, така што пребарувачите би можеле да  разберат (видат) што се наоѓа на истите.Денес повеќе од 90% од сите посети доаѓаат од пребарувачите...

Читај повеќе...  

Бесплатен Хостинг

Free Hosting

Доколку имате Добра идеја за веб сајт и ви е потребно хостирање, аплицирајте за бесплатно спонзорирано хостирање на вашата веб страница на нашите сервери...

Читај повеќе...

Интернет Продавница

e commerce

Купувањето преку интернет е еден од најбрзиот растечки сегмент на употреба на интернетот. Прифаќајќи го и овој начин на продажба, сигурно ќе го зголемите својот профит. Ние можеме да Ви пружиме e-commerce решение кое е прилагодено на Вашата дејност и потребите на пазарот...

Читај повеќе...  

Google Web Analytics

Google Analytics

Имплемнтација на Google Web Analytics ,  веб апликација  за мерење на резултатите од SEO оптимизацијата (Traffic  Reports, Visitors, Trafic Sources , Content, Goals …) како и од Google Adwords кампањата...

Читај повеќе...