|
Dynamic Web Solutions е агенција која врши изработка и промоција на веб сајтови по системот „клуч во рака“, што значи изработка на сајтот, хостирање на наш сервер, закуп на домен и комплетна рекламна кампања (промоција на сајтот), што Ви овозможува да Вашиот сајт не биде само „предмет на хартија“, туку активен учесник во создавањето на Вашиот бренд.
Интернет презентациите на нашите клиенти се базирани на HTML код како основен и напредни кодови како PHP, MySQL, AJAX, DHTML, XML …
Ако Ви е потребна база на податоци, можеме да ја изработиме во SQL во согласност со Вашите потреби и тоа со администраторски панел, со кој можете сами на брз и едноставен начин да менувате, додавате и бришете поединечни податоци на Вашата интернет презентација. Можностите се многубројни, прашање е само кои се Вашите желби и потреби, а останатото е наша работа. Доколку сакате Вашата интернет презентација да биде по атрактивна, Ви предлагаме да додадете ефективна флеш анимација. Macromedia Flash денеска важи за една од најпопуларните технологии на интернет. Со помош на нејзините модерни графики и анимации, Водечките светски куќи ги претставуваат своите производи и услуги. Како векторска анимација и мултимедијална апликација, Flash е корисен за креирање на презентации од голема важност кои опфаќаат анимација, графика, звук, текст, видео. Ви предлагаме Вашиот сајт или CD презентација да ја користи оваа напредна и интересна технологија. |